Поранешниот британски премиер, Тони Блер истакна дека Светската здравствена организација (СЗО) треба да биде помоќна и треба да постои глобална соработка во борба со новиот коронавирус.
Блер кој раководи со непрофитен Институт за глобални промени, верува дека СЗО треба да ја поедностави својата бирократија, при што земјите-членки треба да и дадат на организацијата „поголема тежина”.
За време на видео конференција, организирана од бриселскиот портал „Политико”, Блер ги повика претседателот на САД, Доналд Трамп и западноевропските лидери во време на криза да се спротистават на национализмот и да се фокусираат на практична соработка во победа над Ковид-19.
– Во спротивно, неправедно е да се критикува за тоа што следи ограничени мисии поставени од националните влади, изјави Блер алудирајќи на обвинувањата од Трамп, дека СЗО соработува со Кина во прикривање на епидемијата.
Блер истакна дека постои само еден краткорочен начин да се постигне глобална соработка и дека соработката не може да се постигне со одлуката да не се купува од Кина.
– Мораме да ја разбереме Кина од кинеска гледна точка, но и Кина мора да биде предвидлив и одговорен партнер, изјави Блер и додаде дека кинеската Влада мора сериозно да одговори на прашањата за потекло на новиот коронавирус.
Блер изјави дека само неколку светски организации ја исполниле целта, потенцирајќи дека Советот за безбедност на Обединети нации не е претставник на „светот денес”.