Врз основа на анализите и статистиките за ситуацијата со коронавирусот здравствените власти утре ќе разговараат дали и кога се можни избори, како и дали има простор за олабавување на мерките за заштита од следната седмица, најавува за Канал 5 министерот за здравство Венко Филипче. Според него се намалува бројот н пациенти со корона па поради тоа е намален и бројот на тестирања. Од следна недела ќе има тестирања на ризични групи за да с евиди дали има асимптоматски носители.