Францускиот министер за внатрешни работи „жали” за фотографијата направена во фабриката за маски, без да се почитува физичкото растојание

Групната фотографија со работничките во фабриката за производство на заштитни маски, која ја објави францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер, стана најкоментирана на Твитер, среде здравствена криза со коронавирус. Ова особено, бидејќи тој и другите на фотографијата не ги почитуваат препораките за физичко растојание и се без заштитни маски, јави дописникот на МИА.

Сликата е направена за време на посетата на Кристоф Кастанер, на фабриката на компанијата Мортелек, во Аноеулин (Северна Франција).

Проблемот е во тоа што министерот, а и најголемиот број од другите лица на фотографиите ги имаат извадено заштитните маски, односно тие не ги почитуваат правилата за физичко растојание што се препорачани од Владата и здравствени власти.

-Оваа фотографија не требаше да биде направена под овие услови. Жалиме за тоа, изјавија од Кабинетот на министерот за внатрешни работи.

-Правилата за физичко растојание се императив и навиките тешко се менуваат. Учењето да се живее со физичко растојание е постојано учење: сите мора да го научиме, велат од кабинетот на министерот и посочуваат дека посетата била овековечена „на барање на шијачките, кои се гордеат со својата работа”.

Генералниот директор на групата Мортелек, ја потврди верзијата на министерот за внатрешни работи:

-Во текот на посетата го придружував господинот Кастанер. Шијачките сакаа фотографија за спомен, со лицето на министерот, без негова маска. 

Треба да знаете
Последни објави