Централната изборна комисија (ЦИК) во Босна и Херцеговина денеска распиша локални избори за недела, 4 октомври. ЦИК ја донесе одлуката едногласно.
Според одлуката, непосредно ќе бидат избрани 64 општински совети во Босна и Херцеговина, 56 општински Собранија во Република Српска, 120 градоначалници на општини во Босна и Херцеговина, седум градски совети во РС, 22 градоначалника во Босна и Херцеговина, како и во општината во Округот Брчко.
Изборите не беа распишани само за членовите на Градскиот совет на Мостар и беше наложено дека тоа ќе се случи кога ќе бидат исполнети сите услови.