Честит 7 мај, ден на македонската полиција

ЧЕСТИТ 7-ми МАЈ, ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА !!!

Во име на Македонскиот полициски синдикат, Претседателот на МПС, Д-р Марјан Кицев на сите припадници на Министерството за Внатрешни работи во Република Северна Македонија им го честита 7-ми Мај, денот на македонската полиција.

Почитувани колеги, да се биде припадник на МВР е голема чест и привилегија но во исто време е и голема жртвата бидејќи извршувајќи ги секојдневните задачи се жртвувате самите себе, Вашите семејства како и редица други слободи и права кои ги имаа сите граѓани на нашата држава.

Сите Вие, денес, со своите активности на браникот на татковината ја  манифестирате Вашата човечност и големина, демонстрирате како изгледа  пожртвуваноста, професионализамот, хуманоста и посветеноста на работата.

Бидете цврсто уверени дека оваа Ваша саможртва ќе ја помнат македонските граѓани, затоа што, како во минатото така и денес тие во Вас гледаат столб на кој може да се потпрат и гарант на нивната безбедност.

Почитувани, пред сите нас претстои исклучително значаен период во борбата за справување со глобалното зло ,,Covid 19,, но ние како Синдикат сме секогаш тука со Вас, и сме цврсто убедени дека сите Вие имате капацитет и знаења да одговорите и на овој предизвик.

Да продложиме да бидеме хероите на ова време, заеднички да се справуваме со кризата што го опфати целиот свет, да продолжиме да бидеме на ниво на задачата тогаш кога сме им најпотребни на граѓаните и на државата.

Нека ни е честит 7-ми мај, денот на македонската полиција.Че
Треба да знаете
Последни објави