Акција за отстранување на мрежи на лажни профили на Фејсбук

Фејсбук отстрани мрежи на лажни профили преку кои се ширеле дезинформации и лажни вести од Иран, Русија и САД, пренесува Би-Би-Си.

Поради кршење на правилата на Фејсбук за забрана на координирано неавтентично однесување, Фејсбук ги затвори профилите на една американска мрежа која ширела лажни вести за „теорија на заговор и длабока држава со која управува претседателот Трамп”.

Мрежата прво ги негирала заканите и загриженоста за епидемијата на коронавирус, а потоа го сменила наративот и почнала да промовира надрилекарство и теорија на заговор дека 5Г мрежата и глобалната елита се „заслужни” за коронавирусот.

Укината е и иранска мрежа со која раководел државниот информативен сервис, поради критики на сметка на САД и Израел и нивниот однос кон пандемијата.

Руската мрежа на корисници, која според компанијата Фејсбук ја создале руските државни медиуми на Крим, промовирала ставови и теории на заговор за потеклото на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави