По паузата која ја побара, Боки 13 продолжи со својата одбрана во која збиреше за Заев, Христијан Мицкоски, Жарко Лукоски…
-Откако Заев ми кажа дека странски обвинител води предмет против мене сега сфаќам дека било лага, но факт е дека во земјава се води шпиунажа а ОЈО, по сега допрен глас да покрене истрага против Камчеви, Кичеец, Саздова и други кои организираа група со странски државјани кои ме следеле и ме наместија. Најголема цел во овој случај сепак беше трудољубивоста на Јанева, која со СЈО имаа голема доверба кај народот и пречеа поради тоа. За Камчев е се исто кој е на власт, и на Мицкоски му ги нудеше снимките, кои беа монтирани и лоши, а кои воопшто не се вештачени. Со тие снимки бев уценуван и бараа да ја продадам телевизијата на едно лице. И Јанева беше уценуцана да се повлече само за да се спаси Камчев. Таа лично ми кажа дека никогаш нема да прифати такво нешто. Така завршија снимките кај опозицијата, па излегоа и во италијански медиуми, а обвинителството не се ни потруди да открие како стигнале. Па и новите снимки од Јутјуб, кои баравме да се земат како доказ, а на кои се слуша Камчев дека Јово ги ослободил, па сум бил во сексуална врска со Кичеец, па крв до коленици ќе има…, вели Боки.
Според него за врската меѓу Зоран и Вице Заев со Кичеец има многу што да каже, но тоа не е дел од предметот и за тоа друг пат ќе зборел.
Дали сум јас ненормален, ама Камчев знае дека ќе биде ослободен од Јово, а мене ми дава пари јас да го ослободам. Па он ја покраде целата држава и се е тој да се спаси. За Кичеец гарантирам дека не знае за што е обвинет и да го прашате за што е нема поим, само се појави тука и призна вина за да има предмет. Моите родители ми беа во посета на 24 септември во затвор кога ми рекоа дека Кичеев е ослободен. Тој е крупен, згоден набилдан, ама плачел во затворот. Таму се се знае. Се фалел на командир дека барал и бил кај Рускоска да каже се што треба за да го ослободат, рече Боки.
На тоа реагираше обвинителката, па судот го опомена Боки да не расплинува и да се држи до обвинението. Тогаш обвинетиот реле дека прифатил се, иако не му било дадено право за одбрана, па и дека ќе се поклони ако треба. Рускоска побара да не и се обраќа, по што Боки и се наклони за тоа што го нсправила и за тоа дека сакала да и го земе местото на Јанева.
-И така ова е се театар, рече Боки.
Тој збореше дека имало коминикација меѓу Заев и покојниот Жарко Луковски и дека немал влијание да ургира во СЈО, но реагираше судијата дека не се поврзани со предметот.
– Не е така, Луковски два пати давал исказ против мене за Рејет, а тоа го кажа и Камчев. Јас го споув со Заев и му дадов број, рече Боки, но беше прекинат од судијката кога почна да чита скриншат од пораката од комуникација меѓу Заев и Луковски.