(Видео) Објавена снимка од уапсениот Американец: Дојдов да го киднапирам Мадуро и да го однесам во САД

Државната телевизија на Венецуела во средата емитуваше снимки на уапсениот Американец Лук Денман (34) во која тој вели дека му било наложено да го завземе аеродромот во Каракас и со авион да го пренесе претседателот Николас Мадуро во САД.

Венецуелските власти уапсија уште еден американски државјанин, Аиран Бери и 11 други „терористи“во понеделникот, а Мадуро рече дека уапсените имале план во координација со Вашингтон да влезат во земјата преку брегот на Карибите и да го соборат.

-Доналд Трамп е директен водач на оваа инвазија, рече Мадуро во телевизискиот коментар откако беа прикажани снимките со Денман.

-Им помагав на Венецуелците да ја вратат власта над својата земја, рече Денман во видеото.

https://youtu.be/kcUC6k3vjQw?t=2

Денман и Бери се поранешни членови на единиците за специјални операции кои работеле со Џордан Гудреу, американски воен ветеран, кој управува со безбедносната компанија „Silvercorp USA“ со седиште во Флорида. Тие наводно требало да обучуваат околу 50 Венецуелци во соседна Колумбија за операцијата. Денман рече дека Гудроу ја обезбедил опремата.

Венецуелските власти соопштија дека групата била фатена во крајбрежниот град Чуау, кој се наоѓа на околу 60 километри западно од аеродромот во Каракас, откако добиле дојава од локалните жители. Властите објавија фотографии од бродот натоварен со воена опрема, со кој, како што членовите на групата дошле во Венецуела.

Осум лица вклучени во операцијата загинаа во неделата во судир со безбедносните сили на Венецуела, соопшти владата на Мадуро.

Денман изјави дека Silvercorp USA потпишал договор со лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо за соборување на Мадуро, кој негираше поврзаност со „која било компанија за безбедност или одбрана“.

Венецуела најави дека ќе побара екстрадиција на Гудроу, а американскиот претседател Доналд Трамп негираше вмеѓаност на САД. Државниот секретар, пак, Мајк Помпео изјави дека ќе ги употребат сите средства како би осигурале враѓање на заробените Американци.

Треба да знаете
Последни објави