Во Шведска без карантин од Ковид-19 починаа повеќе од 3.000 луѓе

Епидемиолозите во Шведска велат дека нивниот пристап кон пандемијата на новиот коронавирус без мерки на ограничување е успешен, а Си-Ен-Ен наведува дека бројот на заразени и бројот на починати не го потврдува нивниот став.

Шведска не им се придружи на многу од нејзините европски соседи во наметнување строги ограничувања за граѓаните, а фотографиите на луѓе кои одат на работа или седат во кафулиња, дружејќи се во паркови, беа вообичаени.

Сепак, најмалку 3.000 луѓе починале како резултат на вирусот Ковид-19, соопшти шведската Агенција за јавно здравје.

Вкупно се регистрирани 24.623 случаи заразени со вирусот.

Шведска имаше релативно опуштен пристап кон социјалната дистанца во однос на другите земји во Европа, наведува Си-Ен-Ен. 

Треба да знаете
Последни објави