Две лица се полесно повредени во пукање во лекарска ординација во Келн.
Според првите информации, повредените го изгубиле слухот од пукањето, а жената која пукала на луѓето е уапсена по неколкучасовна потера.
Мотивот за нападот сè уште не е познат, а според најновите информации, пукала 43-годишна жена.
Како што се наведува, лекарот ја утврдува нејзината здравствена состојба, иако медиумите наведуваат дека таа не била повредена за време на нападот, ниту за време на апсењето.