ЕК ја потврди важната улога на апликациите како што е СтопКорона во борба со Ковид-19

Државите членки во Европската Унија, поддржани од Европската Комисија, објавија официјален документ во кои се наведени предностите и клучната важност од користењето на апликации за следење на контактите на лицата позитивни на коронавирусот, со цел навремено детектирање на потенцијално новите заразени лица, рано тестирање и спречување на ширење на вирусот.

На овој начин како што се наведува во документот во време на пандемија уште еднаш се потврдува улогата на технологијата за побрзо враќање на нормалниот тек на животот.

„Апликациите за спречување на ширење на Ковид-19, доколку се целосно во согласност со правилата на ЕУ, можат да играат клучна улога во сите фази на управување со кризата, особено кога ќе почне постепеното укинување на мерките за социјално дистанцирање. Тие можат да ги надополнат постојните анкетни листови за контактите на лицата позитивни на Ковид-19 и да помогнат во прекинувањето на ланецот на пренос на вирусот“, се вели во соопштението.

Според Комесарката за здравство и безбедност на храна, Стела Киријакидес, дигиталните алатки ќе бидат клучни за заштита на граѓаните бидејќи постепено се укинуваат мерките за седење дома.

„Апликациите за мобилни телефони можат да нè предупредат за ризиците од инфекција и да им помогнат на здраствените за да ги пробијат ланците на пренос. Треба да бидеме посветени, креативни и флексибилни во нашиот пристап за повторно да ги отвориме нашите држави. Треба да продолжиме да ја намалуваме кривата – и да ја задржиме надолу. Без безбедни и соодветни дигитални технологии, нашиот пристап нема да биде ефикасен“, рече Киријакидес.

Министерството за информатичко општество наведува дека Северна Македонија, во контекст на препораките на Европската Комисија, е една од првите држави кои изработија мобилна апликација за спречување на ширењето на Ковид-19, согласно сите стандарди за заштита на приватноста на граѓаните.

Апликацијата СтопКорона е достапна на: https://stop.koronavirus.gov.mk/

Треба да знаете
Последни објави