Досега никогаш неслушната песна што ја напишале Сер Џејмс Пол Макартни и Сер Ринго Стар се очекува да биде продадена за околу 20,000 фунти (35,000 УСД) на аукција, објавија британските медиуми.
Двајцата го снимале демото за соло албум на Сер Ринго, но не била направена финална верзија.
Песната Angel in Disguise е напишана во текот на снимањето на Time Takes Time, соло албум на Ринго Стар од 1992 година.
Демото е на касета во сопственост на поранешен диџеј.
Британските медиуми објавија дека касетата ја продава поранешниот диџеј на Радио Луксембург Тони Принс. Таа е дел од неговата колекција.
Angel In Disguise е една од неколкуте песни што заедно ги напишаа двајца од легенадарните „Битлси“ (Fab Four).
Аукциската куќа објаснува дека на снимката има две верзии на песната, на првата Мекартни ги пее стиховите преку машина за пијано и тапани.
Втората верзија има „целосна поддршка, пратечки вокали, појачана инструментација, вклучувајќи хармоника, гитара и многу повеќе“, стои во описот на делото ставено на аукција.
Снимката е поставена на онлајн аукција преку Omega Auctions со проценета вредност од 10,000 до 20,000 фунти.
Минатиот месец, стихови на Макартни напишани на рака за песната „Хеј Џуд“ се продадоа за 910,000 американски долари на аукција.
Претходно, цртежот на Џон Ленон и неговата сопруга Јоко Оно наречен Bagism се продаде за 93,750 американски долари, додека пепелникот што го користел Ринго во студиото за снимање на Abbey Road во Лондон е продаден за 32,500 долари.