Министерот за здравство Венко Филипче денеска уште еднаш повтори дека на Комисијата за заразни болести не се разговара за изборите и за изборниот процес.
На новинарско прашање дали се разгледува можноста за избори на кои инсистираат политичките чинители во државата, Филипче посочи дека заклучно со денешниот состанок на Комисијата, не станало збор на оваа тема.
– Приоритет е заштитата на здравјето во смисла на димензионирање на мерките исклучиво согласно бројот на новодијагностицирани, нивната поврзаност, кластерите и.т.н, рече Филипче.
Тој нагласи дека било каква мерка или препорака ќе биде донесена исклучиво врз основа на сознанијата и податоците за новодијагностицирани пациенти.