Над половина Французи се здебелиле за време на пандемијата

Дури 57 отсто Французите сега имаат повеќе килограми од почетокот на примените на мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, на 17 март.

Испитувањето спроведено од институтот Ифоп за специјализираната интернет-страница „Дарвин нутришн” посочува дека француските граѓани имаат во просек 2,5 килограми поголема маса. Тоа, поради недостиг на движење, но и поради „постојаното грицкање” седејќи дома.

Како што се наведува, 56 отсто од мажите и 58 отсто жени имаат неколку килограми повеќе. Меѓу нив, се истакнуваат невработените, двојките и родителите со деца.

Треба да знаете
Последни објави