Раковдството на англиската фудбалска Премиерлига им се закани на клубовите кои се во зоната на испаѓање дека ќе ги префрли во понизок ранг на натпреварување дури и ако сезоната комплетно се прекине. Ова предупредување доаѓа откако клубовите кои се борат за опстанок се премисилја и истапија со закана дека нема да играат доколку се реализира планот сезоната да се доигра на неутрални терени.
Норвич, Астон Вила, Бурнмаут, Брајтон, Вест Хем и Ватфорд се огласија дека не сакаат да играат на неутрални терени. Нив им одговара да се прекине сезоната, затоа што така се надеваат дека никој нема да се пресели во понизок ранг. Но, Премиерлигата денеска им се закани дека секако ќе има испаѓање. На раководството од Премиерлигата му е неопходна поддршка од 14 клуба за продолжение на сезоната на 12. јуни со тоа што би се играло на неутрални терени ширум Англија.
Според последните информации в понеделник (11. мај) на клубовите ќе им биде дозволено да се вратат на тренинзите, а истиот ден ќе има и гласање околу планот за продолжение на сезоната.