Франција од понеленик ги олеснува мерките, во Париз ќе важат строги правила

Францускиот премиер, Едуард Филип, потврди дека рестриктивните мерки се олеснуваат во целата земја од понеделник, со строги правила во најризичните области, особено во Париз.

Франција е пресечена на два дела според здравствената ситуација, истакна Филип на прес-конференција, прецизирајќи начини за олеснување на рестриктивните мерки во земјата, во која од Ковид-19 починаа повеќе од 25.000 луѓе.

Тој појасни дека во црвените зони, вклучително и Париз, мерките ќе бидат построги. Средните училишта остануваат затворени во мај и треба да се следат строгите правила во јавниот превоз.

Четири зони – парискиот регион, северот, истокот и центарот – остануваат црвени зони поради активниот пренос на вирусот и поголем притисок врз болничкиот систем, прецизира министерот за здравство, Оливер Веран.

Тој додаде дека Франција е подготвена масовно да ги тестира лицата со симптоми на новиот коронавирус и оние што биле во контакт со позитивните случаи.

Владата првпат објави мапа на Франција со капацитети за тестирање. Цела Франција е зелена, што значи дека има способности за тестирање на проценетата потреба од 700.000 теста неделно, рече министерот.

Треба да знаете
Последни објави