Армани ги преместува работните простории од Париз во Милано

Светски познатиот моден креатор Џорџо Армани одлучи работните простории на својата куќа на високата мода во Париз да ги премести во Милано, Италија.

Седиштето на модната куќа е во француската престолнина од 2005 година, а отсега тие ќе ги претставуваат новите колекции во историската Палата Орсини во Милано. Претставувањето во блиска  иднина   „нема да биде сезонско”, истакнува Армани.

Дизајнерот веќе откри и дека машките и женските колекции на Џорџо и Емпорио Армани ќе бидат претставени в септември, во Милано.

Треба да знаете
Последни објави