Оваа година Европа скромно ќе ја одбележи 75-годишнината од крајот на Втората светска војна, бидејќи во повеќето земји на сила се рестриктивни мерки поради новиот коронавирус.
Настаните се сведени на скромно ниво или нивната организација е преместена преку интернет, поради мерките за физичка дистанца.
Германската канцеларка, Ангела Меркел и претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмајер ќе положат венец на споменикот на жртвите од војната и диктатурата, додека на Бранденбуршката порта ќе биде проектирана порака „Ви благодариме”, упатена кон сојузните сили.
Во Париз ќе се одржи церемонија затворена за јавноста, каде претседателот на Франција, Емануел Макрон ќе положи венец на Споменикот на непознат војник.
Во Велика Британија по обраќањето на кралицата Елизабета Втора ќе следи двеминутно молк. На нацијата ќе се обрати и британскиот премиер Борис Џонсон, а авионите на Кралските воздухопловни сили ќе летаат над четири градови во Велика Британија .
Политичарите од Чешка ќе пристигнуваат во интервал од десет минути, за да положат венец на споменикот на Витков рид во Прага.
Во Австрија ќе биде одржана виртуелна церемонија во знак на сеќавање на жртвите од Втората светска војна.