Во изминатото деноноќие потврдени се 14 нови случаи на Ковид -19, почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 априла во ГОБ „8 септември”. На Институтот за јавно здравје денеска се регистрира 20 оздравени пациенти, по градови во: Скопје и Битола по еден, во Куманово девет, Прилеп двајца, Велес седум, информира Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6.
Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1586, бројката на оздравени пациенти е 1099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397. Последната дистрибуција по градови е:
Скопје – 531, активни 130
Куманово – 404, активни 61
Дебар – 51, активни 0
Штип-35, активни 2
Прилеп –169, активни 62
Тетово – 96, активни 42
Струга – 67, активни 16
Велес – 101, активни 46
Битола –22, активни 3
Охрид –15, активни 9
Кавадарци – 5, активни 1
Гостивар –17, активни 3
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка- 6, активни 2
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 5
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 1
Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 1
Пехчево- 2, активни 2
Делчево-1, активни 1
Валандово -1, активни 1
Виница – 2, активни 1
Кратово-1, активни 1
Направените 242 теста се преку: ИЈЗ –107, Ветеринарен ф-тет -11, Авицена –3, Биотек -38, Филип Втори (Жан Митрев) –42, Систина со PCR метода -22 и МАНУ -19. Досега во земјата се направени вкупно 18410 тестирања на ковид -19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се два пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација четири пациенти.
Во ГОБ „8 септември” примени се четири нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 20. На респираторна машина се двајца пациенти и уште двајца се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекува еден пациент, а на домашно лекување се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно пет, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово сe хоспитализирани 46 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.