Експерти предупредуваат на можен пораст на ХИВ, маларија и други болести за време на корона-кризата

Здравствени експерти предупредуваат дека е можно зголемување на случаите на заразени со ХИВ, маларија и други болести во светот во следните неколку месеци, додека националните влади се преокупирани со борбата против Ковид-19, јави Си Ен Ен.

Експертите се загрижени поради заостанувањето во борбата против болести како што се туберколоза и морбили и предупредија на можно зголемување на гладта во светот, бидејќи хуманитарните организации се обидуваат да го урамнотежат одговорот на епидемијата на новиот коронавирус со своите напори во борба против тековните предизвици.

– Ако не добиете Ковид-19, но починете од маларија, очигледно не сте во подобра позиција. Не може да се запре со сета работа бидејќи вниманието се префрлило на друго место. Мора да се продолжи, изјави Бил О`Киф, извршен потпретседател за мисија, мобилизација и застапување во католичките служби за помош.

Претседателката на Уан кампњата, група која се бори против екстремна сиромаштија и превентивни болести Гејл Смит потенцира дека битката се води на повеќе фронтови и мора да се бараат одговори за сите нив. Таа потсети дека за време на епидемијата на ебола, дошло до пораст на заразените од морбили и маларија.

– Нашата заедница е загрижена поради влијанието во земјите кои се борат против мали сипаници, колера, детска парализа, но во исто време мора да се борат и против ширењето на Ковид019, изјави Ноам Унгер, потпретседател за развојна политика, застапување и учење во ИнтерЕкшн, сојуз на меѓународни невладини организации.

Треба да знаете
Последни објави