Вистината денеска силно излезе на виделина, граѓаните на крајот дознаваат се.
Потопени се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ, кои упорно, 1 година се пласираат од скапиот бел дворец, за случајот познат како „Рекет”.
Граѓаните денеска слушна како Христијан Мицкоски имал средби, разговори и директна соработка со Зоран Милески Кичеец, сега веќе осудено лице во случајот познат како „Рекет”.
Значи:
Мицкоски ја лажеше целокупната и целата јавност дека немал никакви средби со Зоран Милески.
Мицкоски и Кичеец, активно и директно комуницирале, очи в очи, на средби но и преку телефон. Не преку „Петко-Станко” како што самиот Мицкоски вели на објавената снимка, туку сосема директно.
Кичеец бил извршител на Мицкоски и одбработувал за ВМРО-ДПМНЕ.
Активно ја помагал ВМРО-ДПМНЕ и работел во функција на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски го ангажира Кичеец во изборни цели за претседателските и локалните избори во Охрид во 2019 година.
Оваа снимка освен што ја потврдува вистината може да биде основ и за постапки поврзани со изборен криминал.
Конечно, оваа снимка фрла око, вистинско светло на случајот Рекет кој очигледно води директно до овој скап дворец платен од граѓаните, до ВМРО-ДПМНЕ и до Христијан Мицкоски.
Почитувани,
Дека Мицкоски ги лаже граѓаните, дека е деструктивен и тоа сигурно го знаат, и одамна е познато и граѓаните тоа го знаат за него.
Но денеска, на дело се докажува неговата спрега со тајкуни блиски до ВМРО-ДПМНЕ.
Само се потврдува зошто Мицкоски работи против правната држава, зошто ги брани криминалите на Никола Груевски, на режимот и зошто правеше се во овој период наместо да се реформира , да ги блокира и да ги спречи сите реформи во правосудството.
Очекуваме целосно расчистување на овој скандал и одговорност, согласно законите, за сите инволвирани во овој случај, вклучително и на оние од белиот дворец и ВМРО-ДПМНЕ.