31-годишниот Омар Тејлор после серијата на опасни компликации звучи неверојатно како успеал да го преживее сето тоа.
Откако се заразил со коронавирусот, Тејлор во болницата бил ставен во индуцирана кома и 30 дена бил на респираторна машина. Во меѓувреме добил два мозочни удари додека бил во кома, воспаление на белите дробови и сепса, а имал и привремен застој на срцето. На крајот, кога го победил коронавирусот и бил отпуштен од болница на роденденот на својот син.
„Најпрвин ни рекоа дека нема да се спаси. Потоа ни рекоа дека повеќе нема да може да се движи, но тој успеа и во тоа. Неговото опоравување е чудесно“, изајви неговата сопруга Кејтлин.
Омар сега се опоравува во домашни услови и единствените проблеми кои ги има се неможноста да ја користи десната рака и отежнатиот говор. Сепак, докторите веруваат дека и тоа ќе се поправи…
Преземено од tocka.com.mk