Приведени 15 учесници во инцидентот пред српското собрание, Обрадовиќ запрен пред полициската станица Врачар

Полицијата во Белград по налог на државните органи привела 15 лица кои учествувале во инцидентот пред српското собрание кое се случи денеска претпладне. По тој повод се огласија од движењето Двери на „Твитер“ дека ќе заминат во полициската станица бидејќи се приведени нивни членови.

Лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ бил спречен да влезе во полициската станица од припадниците на МВР кои стоеле пред влезот на ПС Врачар.

Припадниците на Двери протестираа пред Собранието во Србија каде нападнале министри и пратеници од владеачкото мнозинство СНС при влезот во зградата. Според очевидци при нападот  пратеникот Марјан Ристиќевиќ бил удиран со боксови, легнат на земја па шутиран. На снимките кои се прегледани по инцидентот се гледа дека му е искинато и палтото на Ристиќевиќ.

 

 

Треба да знаете
Последни објави