Донација на артикли од листата на приоритетни потреби на Министерството за здравство, наменета за Клиниката за инфективни болести во Скопје, како поддршка во услови на зголемена фреквенција на пациенти, составена од 1.650 парчиња постелнина, ќебиња, перници, пешкири… беа предадени денеска на организацискиот директор на Клиниката Мирјана Пехчевска Поп-Илиев. Финансиските средства за реализација на оваа активност се обезбедени од Фондацијата на Кока Кола компанијата и Пивара Скопје.
Преку фондацијата, како што појасни Ламбро Патче од секторот за односи со јавност на Пивара Скопје, обезбедена е помош за справување со кризата во висина од 120 милиони долари на светско ниво онаму каде е потребно.
-Дел од таа помош ја реализираме токму преку Црвениот крст преку активирање на мобилните тимови на Црвениот крст за помош на најранливите категории граѓани. Дел од таа помош е и помошта од Клиниката за инфективни болести во Скопје, за набавување на материјали согласно приоритетната листа на Министерството за здравство, рече тој.
Секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска истакна дека донацијата е спроведена во рамки на одбележувањето на Денот на Црвениот крст и црвената полумесечина 8 Мај.
– Во светот има 17 милиони волонтери, кои годишно им помагаат на 160 милиони луѓе. Во Македонија број на волонтери е 8.000 и 11 илјади членови. Денешниот ден им го повстуваме на сите нив кои со својот професионален ангажман, а и со своето знаење го посветуваат во целокупната мисисја на Црвениот крст – промоција на хуманата димензија и вредности за да дадеме поддршка на ранливите категории граѓани. Во моменти на кризна состојба сите тимови на Црвениот крст се насочени кон потребите на заедницата и заедно со корпоративниот сектор и институциите организираме секаков вид активности со цел да го намалиме човековото страдање да излеземе во пресрет на ранливите категории граѓани и заедницата пбрзо да заздрави, рече таа.
Директорката на Инфективната клиникаизразувајќи благодарност за, како што рече, подадената рака, истакна дека секој ваков гест и хуманитарен потег значи поттик, но и поддршка во справувањето со оваа голема пандемија.
– Инфективната клиника секогаш била на прва линија во кризни ситуации, како досега така и отсега ќе се бори и справува со сите новонастанати ситуации, рече Пехчевска Поп-Илиев.
Донацијата се реализира во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, годинава под мотото „Сите сме црвени”.
Во рамки на планираните активности, од 10 до 11 часот беше реализирана дистрибуција и на 500 маски и цвеќиња за граѓаните кои ќе бидат пресретнати од петте мобилни тимови во централното градско подрачје.
Активност за одбележување на денот, ќе биде и промоцијата на автобус на линијата број 57 на ЈСП Скопје, брендиран со логото на Црвениот крст и со слики од волонтери на Црвен крст.
Светскиот Ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, 8 Мај, е роденден на основач Анри Динан, и тој ден претставува годишно одбележување на Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина. Секоја година, Националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина организираат низа активности за промовирање на посебната улога на Движењето во своите земји каде ги решаваат хуманитарните предизвици, не оставајќи никој зад себе. с