Анкета: Една петтина од Британците се двоумат дали намерно да се заразат со Ковид-19

Британската агенција за маркетинг „Редфилд енд Вилтон стратеџи” спроведе анкета на интернет, според која, една петтина од Британците се двоумат дали намерно да се заразат со Ковид-19 за да добијат валидна потврда за имунитет.

Во време кога научниците ширум светот се обидуваат што поскоро да направат тест за антитела, што ќе покаже кој имал Ковид-19 и колку е отпорен на новиот коронавирус, околу една десетина од граѓаните на Велика Британија се подготвени да се заразат со потенцијална смртоносна инфекција, доколку тоа значи дека можат да се вратат на нормален начин на живот.

Дел од британските министри дискутираа да се воведе масовно тестирање, за да може луѓето кои се во карантин да се вратат на активен живот, но и да бидат сигурни дека нема да заразат никој.

Меѓутоа, експертите предупредуваат дека ваквиот пристап може да има големи социјални последици.

Податоците објавени претходно оваа недела покажаа дека граѓаните на Велика Британија се плашат дека работодавците би можеле да ги фаворизираат работниците кои немаат Ковид-19, поради што многумина помислија дека треба да се инфицираат или да купат лажни резултати на црниот пазар кои биле негативни на новиот коронавирус.

Резултатите од анкетата со причина предизвикаа загриженост кај британската Власт, бидејќи 69 отсто од испитаниците го поддржуваат воведувањето „потврда за имунитет”, а само 16 проценти се против тоа.

Нешто помалку од една третина од испитаниците веруваат дека таквата политика може да се толкува како награда за оние кои не се придржувале кон мерките на социјална дистанца, додека 41 процент од испитаниците не се согласуваат со тоа.

Сепак, анкетата покажува дека 71 отсто од испитаниците во Велика Британија не би се инфицирале намерно, околу 20 проценти се двоумат, а само десет отсто истакнаа дека би се заразиле со Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави