Владата го задолжи МВР да утврди одговорност за верскиот настан во Струга и за прославата на Денот на полицијата заради сериозно прекршување и непочитување на активните мерки за заштита од КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 50-та седница го задолжи Министерството за внатрешни работи, веднаш да го испита случајот со одржувањето на верскиот настан во текот на вчерашниот ден во Струга, како и прославата организирана од Министерството за внатрешни работи по повод Денот на полицијата, кои претставуваат сериозно непочитување и прекршување на воведените забрани од страна на Владата, да утврди одговорност и да се преземат соодветни мерки кон одговорните лица и за истото да ја информира Владата на Република Северна Македонија.

Владата го осуди и вербалниот напад врз новинарот на ТВ Клан на настанот со кој се одбележуваше Денот на полицијата и побара да се поведе постапка за утврдување одговорност за ваквото однесување и да се санкционират сторителите.

Треба да знаете
Последни објави