Претседателот на Србија Александар Вучиќ побара од политичарите и граѓани во замјата најостро да го осудат денешниот инцидент пред Собранието. Тој инцидентот го оценил како фашистичко дивеење на Бошко Обрадовиќ и Сојузот за Србија. Со осудата на овој инцидент Вучиќ смета дека ќе покажат дека Србија е демократска земја.
Вучиќ во обраќањето за граѓаните на Србија кое беше објавено на неговиот Инстаграм профил рекол дека денеска „фашистичката фаланга“ на Бошко Обрадовиќ и Сојузот за Србија физички ги нападнале народните пратеници, дека ги соборувале на земја, им ја кинеле облеката, сакајќи да покажат дека насилството е она што би требало да владее во Србија и она што би требало да ја добие поголемата поддршка од народот.
„Затоа брам од сите граѓани од Србија најостро да го осудат фашистичкото дивеење на овие луѓе и да покажат дека Србија е демократска земја“, рекол Вучиќ.
Тој истакнал дека Србија нема да дозволи да победи фашизмот и дека е уверен дека ќе се избори за зачувување на демократските вредности и демократското движење.
„Очекувам граѓаните да бидат апсолутно единствени во осудата на она што денеска се случи. А, наше е да се бориме економски да се развиваме како земја, да ја чуваме демократијата и на изборите да покажеме кому веруваме и да ја браниме и сочуваме иднината на нашите деца“, заклучил Вучиќ.