Годинава на летниот годишен одмор по се изгледа дека ќе заборавиме, иако земјите од нашето опкружување каде најчесто граѓаните од регионов заминуваат на море ги највија датумите за отворање на хотелските услуги по пандемијата со коровирусот. Па така Црна Гора најави почеток на туристичката сезона на 18 мај, Хрватска на 1 јуни, Грција на 1 јули, а од Турција сеуште нема сигнали за почеток на сезоната.
Ова се оптимистичките вести за спас на туристичката сезона, но песимистичките се дека ако по десетдневен одмор на море, граѓаните ќе мораат по враќањето да се поминат 14 дена во карантин, што секако ќе ги одврати од намерите и ќе ги принуди годишните одмори да ги реализираат во своите држави.
Вакви патувања надвор од границите сигурно нема да има ако останат сегашните мерки при враќање да има задолжителен карантин. Засега се што се споменува е неофицијално. Државите сеуште ги немаат подготвено правилата за кревање на граничните рампи и условите за патување. Ниту споменуваниот „корна пасош“ како пропусница за на море не е официјализиран, бидејќи има различни ставови и за неговата примена.