Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук побара оставка од министерот за внатрешни работи, Нааќе Чулев.
-Дали Наќе Чулев се консултираше со Мицкоски пред да одлучи да го загрозува здравјето на граѓаните? Дали Мицкоски го натера Чулев да организира настан среде пандемија без мерки на заштита? Дали Мицкоски му кажа на Чулев да не постапува при масовен собир во Струга? Дали Мицкоски му одобри на Чулев напад врз новинар? Дали Мицкоски му одобри на Чулев фрлањe чадна бомба во публика? Тоа што структури на полицијата предводени од Чулев не реагираа и дозволија да се случaт овие инциденти покрева највисок степен на одговорност кај него и мора да заврши со итна негова оставка.
https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158615580032932?__xts__%5B0%5D=68.ARDgc0mWCalDIAtAzcgYbS8M0pW9dd_aJ51R-J7ot5CTRpumeb2Zzwj-esxETdJSwXBdcv3-5HZMtnBIqV7OHQvz8Wgt8_bnp-JH8jZkmvgSTjIla3xQRxqOlrQEA5DQBPrmYLFYkwqUeO8bt-xdvT4ewriOQCYSzlUVh4OveGOldnP2ibay0VMAZ-J5t2lO427IFrvr38aIcJR4qC8TbuCrfHxnxmOFkvETvDeW63qK_vRBp1aAhSOKO6CQcFzmwO1mfL1hiiATVAafWDhT3tRTT2kFLfd__7gnHgWeHKdwR4pcVxHjTSFyh2pGb4Ac4cWid40IzL4oGA&__tn__=-R
Со ваквите постапки, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ повторно нѐ потсетуваат дека кај нив нема грам срам ниту одговорност. Мицкоски, Чулев и ВМРО-ДПМНЕ преземаат опасни чекори во здравствената криза. Тие повторно тргнуваат од нивната вечна партиска позиција: колку е полошо за граѓаните, толку е подобро за опозицијата! Нема ниту еден разумен и добронамерен човек кој би можел ова да го оправда. Затоа, на вакво скандалозно однесување и при вакви катастрофални постапки против граѓаните, има само еден логичен чекор којшто Чулев треба итно да го преземе – Оставка!