На каналот Јутјуб се објавени четири нови „бомби“ на кои се слушаат разговори од состанок меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со Зоарн Милески Кичеец, осуден во Рекет како и женска личност, објави „А1он“.
Од разговорите може да се заклучи дека се снимени непосредно пред првиот круг на претседателските избори, во април 2019 година. Мицкоски му раскажува на Кичеец за неговите теренски активности во Охрид по што договараат стратегии за соработка за време на изборите,
но и за по тоа. Во разговорите се слуша како Кичеец му објаснува на Мицкоски дека изборните резултати се тие, дека некои луѓе не можат да се одвратат.
Кичеец во еден момент го опишува својот начин на работа и му кажува на Мицкоски дека сè што му било побарано завршил и дека тој се смета себеси за добар извршител кој не зборува многу наоколу.
Кичеец во разговорот открива и можна средба на Мицкоски со Орце Камчев, прераскажувајќи му на Мицкоски разговор со трето лице. Мицкоски договара со Милески и поинтензивна соработка на терен во западна Македонија за периодот после изборите, порачувајќи му “јас и ти директно –
надвор од комитети”.
Мицкоски на сите прозивки во јавноста категорично негираше дека имал средби со Кичеец.
Видеата може да се видат на следниот линк: Facts and Figures