Производи за лична хигиена во вредност од 20 илјади евра донираа денеска компаниите „Хенкел” и „Саманта”. Донацијата е предадена на општинските организации на Црвениот крст во Прилеп, Куманово, Карпош и Бутел и е неменета за најранливите категории на граѓани.
На 20 март, „Саманта доо” донираше на Клиниката за инфективни болести во Скопје со цел поддршка на медицинскиот персонал, кој безрезервно се вложува во спасување човечки животи.