Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.З.(66) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.
Пријавениот, од својот профил преку социјалната мрежа „Фејсбук” на оштетената М.С.(70) од Делчево во повеќе наврати ѝ испратил пораки со недолична содржина, презел и постирал слика од оштетената.