Бред Пит и Анџелина Џоли имаа прилично тежок формален развод по нивната разделба во 2016 година, која ги натера и двајцата да се борат за адвокати.
Но, во последно време работите станаа полесни за некогашната златна двојка на Холивуд. Популарните актери се запознаа на снимањето на филмот „Г. и г-ѓа Смит“. Романсата ја крунисаа со брак, а во меѓувреме станаа родители на шест деца.
„Работите меѓу Бред и Анџелина се подобри отколку што беа“, изјави извор за „Ју-Ес викли“. „Тие се посрдечни, бараат решенија прифатливи и за двајцата“. Справувањето со старателството над децата стана полесно. Заедно ги имаат Медокс (18), Пакс (16), Захара (15), Шило (13), и 11-годишните близнаци Нокс и Вивиен.
Инсајдерот исто така рече дека Пит нема контакти со Медокс и Пакс.
На 18 години, на Мадокс му е дозволено да го направи она што го сака. Тој е на колеџ во Јужна Кореја, но се вратил дома поради пандемијата на коронавирусот. Неговата независност им помага на Бред и Анџелина да постигнат нов договор: Пит во моментот ги гледа помалите деца на неколку дена, изјави втор извор за списанието.
Имајќи предвид дека Џоли и Пит живеат на 10 минути оддалеченост еден од друг во своите куќи во Лоз Фелиз – тој во големата хациенда, која ја поседува 20 години, а таа во куќа вредна 25 милиони долари – заедничкото старателство е многу полесно.
Џоли е импресионирана и од постојаната трезвеност на Пит. Тој, наводно, престанал да пие по нивната разделба.
Изјавите на инсајдерите доаѓаат по тврдењата на таблоидите дека Пит (55) често се гледа со 31-годишната актерка Алија Шoкат. Таа била фотографирана додека излегува од неговата резиденција минатата недела. Таблоидите шпекулираат дека Алија многупати гостува кај Пит бидејќи живее во близина, но извори блиски до Пит тврдат дека тие се само пријатели и ништо повеќе.
Пред бурата: Бред и Анџелина Џоли во Германија (2014 година)