Јанева: Побарав укинување на притворот на Камчев, ама судиите не ги “тресев од гаќи”

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во својот исказ пред судот потврди дека побарала укинување на притворот за осомничените во предметот “Империја” во кој е и рекетираниот бизнисмен, Орце Камчев.
Рече дека до судот СЈО доставило предлог за укинување на притворот за осуммина осомничени во предмети кои ги водело специјалното обвинителство, но одлуките дали притворот ќе им се замени со куќен притвор ги донел судот.
-Одговорно тврдам дека никогаш не сум влијаела врз судии од Кривичниот суд или Апелациониот суд ниту сум ги “тресела од гаќи”, изјави Јанева.
Давајќи ја својата одбрана во предметот Рекет каде е обвинета за злоупотреба на службената положба, објасни дека обвинителството со кое таа раководела поседувало огромен број материјални и вербални докази за “Империја”. Ја пофали обвинителката Лиле Стефанова која го работела предметот и рече дека од првиот момент па се до денес ја имала нејзината поддршка и доверба. Смета дека Стефанова била пример како треба да постапува еден јавен обвинител.
Инаку на крајот од рочиштето кога за сведок беше повикана обвинителката Стефанова, нејзината колешка Јанева ја нарече “ороспија”
Треба да знаете
Последни објави