Поранешниот француски фудбалер Џибрил Цисе планира да се врати на теренот. Имено, контроверзниот напаѓач сака да стигне до 100 голови во француската Лига 1, па тој ќе работи напорно во текот на летото за да стигне до форма достојна за ангажман.
Тој во моментов е на бројката „96″, па дури и понуди да игра бесплатно, само за да ја постигне својата цел.
– Знаете како е со напаѓачите … Ние сакаме голови и сакаме да постигнеме „кружни” броеви. За мене тоа е рекорд од 100 голови кои сè уште ме прогонуваат. Бев запрен на 96 и цело време мислам дека ми недостасуваат само четири гола. Подготвен сум да играм без плата, така што тоа не претставува никаков ризик за нив. Во моментов не сум во посериозни преговори со ниту еден клуб, но заинтересиран сум за сè, изјави поранешниот играч на Оксер, Марсеј, Ливерпул, Панатинаикос …