Џенифер Анистон има едноставна но остра порака до Ковид-19.
51-годишната актерка во четвртокот на Инстаграм сподели фотографија на која го покажува средниот прст кренат нагоре.
Таа јасно стави до знаење дека фотографијата е насочена кон пандемијата на коронавирус, и напиша: „Драг Ковид … сега може љубезно да оде*** (fu–k off)….благодарм, чао“.
Без сомнение, Џенифер се чувствува тажно додека се самоизолира во својата вила во Бел Ер, Лос Анџелес, заедно со двете миленичиња, кучињата Клајд и Софија, во време на глобална криза.
Претходниот ден, таа повторно се појави на социјалните мрежи, споделувајќи фотогрфаија и видео за да го изрази чувството кое на многумина им е познато додека се во самоизолација: досада.