Билетите за забавата на „Оскарите“ се продаваат на добротворна аукција

Два билета за забавата по повод доделувањето на „Оскарите“ во 2021 година ќе бидат продадени на добротворна аукција во корист на Фондот за борба против последиците на болеста предизвикана од коронавирусот.

Поканите ќе им овозможат на добитниците и нивните придружници да се дружат со филмските ѕвезди на црвениот килим на доделувањето на „Оскарите“ и на забавата по доделувањето на 28 февруари в година.

Од средината на април десетици sвезди се приклучија на кампањата „Сите во предизвик“ за да соберат повеќе од 100 милиони долари за разни програми за помош.

Минималниот износ за учество на аукцијата е 10.000 долари. Цената на стандарден билет за тој настан може да достигне речиси 50.000 долари.

Собраните пари се за оние што се соочуваат со глад во оваа здравствено-економска криза предизвикана од коронавирусот.

На забавата по повод доделувањето на „Оскарите“ во февруари годинава присуствуваа голем број sвезди, меѓу кои и Роберт де Ниро (76), Бред Пит (56) и Рене Зелвегер (51).

Треба да знаете
Последни објави