(Видео) Градоначалникот на Милано запрепастен од бројот на шетачи

Градоначалникот на Милано, Бепе Сала е разочаран од големиот број луѓе, кои и покрај тоа што правилата за физичко растојание и натаму важат, синоќа се шетале покрај каналите во овој италијански град, игнорирајќи ја опасноста да бидат заразени со коронавирус.

Според Си-ен-ен, се појавиле и фотографии каде покрај каналот можат да се видат голем број шетачи, а Сала ги нарече сликите срамни.

Контролите ќе бидат засилени, а доколку работите не се променат, тој дел од градот ќе биде затворен, се закани градоначалникот со своевиден ултиматум.

Според најновата одлука на надлежните, во Италија од понеделникот во тек е втората фаза од борбата против коронавирусот, а граѓаните сега можат да излегуваат од своите домови за да одат на работа, да купуваат намирници или да посетуваат членови на семејството, како и поради здравствени причини и спорт или физички активности на отворено.

Сепак, забрането е собирање во поголеми групи и задолжително е физичко растојание од најмалку еден метар.

Треба да знаете
Последни објави