(Видео) Што се крие зад мистериозните самоубиства на руските лекари?

Во период од 8 дена, од 24 април до 2 мај, тројца медицински работници скокнале од прозор. Двајца починаа, додека третиот се бори за живот со прелом на лобањата после падот од втор кат.

Овие случаи привлекоа големо внимание бидејќи сите тројца лекари отворено го критикуваа одговорот на државата на епидемијата на коронавирусот.

Но реалноста е сосема поинаква. Медицинските работници се жалат на недостаток на заштитна опрема, како и на тоа дека се на граница на силите бидејќи работат под притисок на управата која стравува да не ги изгуби привилегиите и статусот…

Дмитриј Бељаков, претседател на независното Здружение на медицински работници рекол дека нема сомнение дека сите три инциденти се обид за самоубиство. Исто така истакнал дека ова не е случајност и ги обвинил менаџерите на болниците.

„Менаџерите не знаат што да прават, па од некои лица прават жртвени јагниња. Исцрпени од борбата со коронаиврусот и од огромниот притисок што им е наметнат, докторите сами се фрлаат низ прозорците“, вели Бељаков.

Валери Вечорко/Facebook

„Се наоѓаме на првата линија на фронтот…Нема пиштоли, пушки и топови, но морам да ви кажам дека е уште пострашно“, рекол Валери Вечорко, главен доктор во Градската болница бр. 15 во Москва.

Анастасија Василева/принтскрин

Докторката Анастасија Василева го обвинува системот, односно деструкцијата на здравствениот систем за самоубиствата на докторите.

Преземено од slobodenpecat.mk

Треба да знаете
Последни објави