Во 180 градови низ Иран повторно е дозволено одењето во џамија, но не и во Техеран

Иранските власти ги одобрија верските собирања во 180 градови низ земјата, проценувајќи дека е намален ризикот од ширење на коронавирусот, бидејќи дневниот број на нови случаи постојано опаѓа, пренесуваат британските медиуми.

Собирите на верниците во џамиите низ Техеран и неколку други поголеми градови , патем, сè уште се забранети.

Властите во Техеран го дозволија меѓуградскиот јавен транспорт и работењето на трговските центри со цел што е можно поскоро да заживее иранската економија и од епидемијата на коронавирусот, но и од американските санкции, иако медицинските експерти предупредуваат за можен втор бран на инфекцијата.

Претставникот на иранското Министерство за здравство, Кијануза Џанханпур денеска соопшти дека вкупниот број потврдени случаи на Ковид-19 е 104.691, и дека заразата досега го одзеде животот на вкупно 6.541 лица во Иран, што оваа земја убедливо ја смести на првото место по бројот на смртни случаи на Блискиот исток.

-Ситуацијата останува алармантна во југозападната провинција Кузстан и во главниот град Техеран, рече Џаханпур.

Треба да знаете
Последни објави