Десетдневен одмор со двенеделен карантин нема да однесе туристи на море

Годинава на летниот годишен одмор по се изгледа дека ќе заборавиме, иако земјите од нашето опкружување каде најчесто граѓаните од регионов заминуваат на море ги највија датумите за отворање на хотелските услуги по пандемијата со коровирусот. Па така Црна Гора најави почеток на туристичката сезона на 18 мај, Хрватска на 1 јуни, Грција на 1 јули, а од Турција сеуште нема сигнали за почеток на сезоната.

Ова се оптимистичките вести за спас на туристичката сезона, но песимистичките се дека ако по десетдневен одмор на море, граѓаните ќе мораат по враќањето да се поминат 14 дена во карантин, што секако ќе ги одврати од намерите и ќе ги принуди годишните одмори да ги реализираат во своите држави.

Вакви патувања надвор од границите сигурно нема да има ако останат сегашните мерки при враќање да има задолжителен карантин. Засега се што се споменува е неофицијално. Државите сеуште ги немаат подготвено правилата за кревање на граничните рампи и условите за патување. Ниту споменуваниот „корна пасош“ како пропусница за на море не е официјализиран, бидејќи има различни ставови и за неговата примена.

Земјите кои ги најавија датумите за почеток на туристичката сезона како Црна Гора, Хрватска и Грција, но и останатите од Европа, не ги споменуваат во ниту една прилика условите за патување во нивните дестинации за евентуалните гости од другите држави. Ниту една држава нема официјална  уредба како после карнатинот поради коронавирусот ќе се влегува и излегува од земјите. Тие уредби мораат да бидат усогласени барем регионално, оти поединечни правила на игра, нема ништо да им значат на туристите, ако едните се либерални, а другите рестрктивни мерки. Се очекува тие протоколи да бидат донесени до почетокот на јуни. Од нив ќе зависи дали земјите каде туризмот е еден од носечките економски столбови ќе можат да се надеваат дека нешто од пропадната сезона ќе спасат.

Засега одмор од десет дена со карантин од две недели неможе да се замисли како реалност, па и да се кренат граничните рампи.

 

Треба да знаете
Последни објави