Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека извршниот комитет на неговата партија побарал од Владата на Република Српска да разгледа укинување на вонредната состојба и тоа да биде направено до 20 мај.
– Верувам дека вонредната состојба ќе биде укината и оти животот ќе се врати во нормала, изјави Додик. Тој оцени дека за време на вонредната состојба се работело добро и одговорно.
Тој информира дека по укинувањето на вонредната состојба ќе биде укинат и полицискиот час.