Кевин Спејси по скандалот: Сè исчезна за неколку часа

Актерот Кевин Спејси гостуваше во поткастот Bits & Perells и зборуваше за тоа колку неговиот живот се сменил за неколку часа по обвинението за серија сексуални напади.

„Мислам дека никој нема да биде изненаден ако кажам дека мојот свет целосно се промени есента 2017 година. Мојата работа, многу од моите односи, мојата позиција во филмската индустрија, сè исчезна за неколку часа“, рече актерот.

„Не сакам често да им кажувам на луѓето дека сочувствувам со нив затоа што мислам дека секој на свој начин доживува некои ситуации. Но, во овој случај можам да се идентификувам со оние на кои светот им запре и кои ги загубија своите работни места поради коронавирусот. „Тоа ни се случи од разни причини, но мислам дека емоционалните борби се исти“, рече Спејси.

Актерот беше обвинет за сексуален напад врз 18-годишен работник во ресторан во 2016 година на островот Нантукет. Во јули овие обвиненија беа отфрлени затоа што оштетениот одби да сведочи. Сепак, тоа во голема мера влијаеше на неговите актерски ангажмани, а „Нетфликс“, каде што тогаш се прикажуваше серијата „Куќа од карти“, во која Спејси ја имаше главната улога, исто така ги прекина сите врски со актерот.

Треба да знаете
Последни објави