Зоран Милески-Кичеец за „А1он“ вели дека снимките објавени на „Јутуб“ се автентични.
Тој потврди дека имал состанок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на 14 април минатата година. Кичеец вели дека тоа не била единствена средба и имал повеќе состаноци со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека се борам да докажам моја невиност пред апелација во случајот „Рекет“, вчера слушнав нови обвиненија на сметка на мојата чест и углед од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски. Ова нема да го дозволам и ќе поднесам кривична пријава против него за
нарушување на мојата чест и углед, рече Кичеец.
Инаку, на „Јутуб“ беа објавени четири разговори меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Зоран Милески-Кичеец и женска личност.
Во текот на разговорите се слуша како Мицкоски зборува со Кичеец за престојните претседателски избори. Мицкоски во октомври 2019 година, во интервју, негираше дека имал средба со Зоран Милески-Кичеец.