Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, изјави дека АД ЕСМ планира да вложи напори да се прошири дејноста и обемот на работа на фирмата-ќерка ФОД-Фабрика за опрема и делови-Новаци, формирана со намена да ги задоволува потребите на РЕК Битола.
ФОД пружа услуги на РЕК Битола и на РЕК Осломеј, но со цел да се обезбеди повеќе работа за фабриката, на денешниот состанок на генералниот директор Ковачевски со раководството на фабриката се разгледуваа можности фирмата да преземе и други работни обврски во рамките на двата комбината, како и во другите подружници на АД Електрани на Северна Македонија, со цел да ги зголеми остварените приходи, со што ќе придонесе кон намалување на вкупните трошоците на ниво на цело АД ЕСМ и остварување подобри резултати.
Исто така, на работната средба се разгледуваа и проекти за различни инвестициски зафати за проширување на капацитетите на ФОД, како и воведување современи практики за намалување на трошоците на производство и за заштеда на енергија.