СВР Куманово на 07.05.2020 поднесе кривична пријава против Р.С.(29) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Имено, на 06.05.2020 во неговиот дом во Куманово, од страна на полициски службеници од СВР Куманово бил извршен претрес, при што била пронајдена 541,61 грама марихуана, која ја препакувал во 18 опаковки и ја подготвил за улична препродажба.
Од страна на истражен судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.