Иако веќе над еден месец престојуваат во Лос Анџелес, принцот Хари и Меган Маркл имаат дури сега веќе го имаат својот нов постојан дом. Се работи за куќата којашто досега му припаѓала на глумецот Тајлер Пери.
Тој ги исконтактирал доселениците од Велика Британија преку нивната заедничка пријателка Опра Винфри.
Како што објави „Варајети”, зданието во тоскански стил, со над 2.300 квадратни метри, се наоѓа на ридот над населбата Беверли Хилс. Има осум спални соби, 12 бањи, огромен двор и базен во него. Двојката ќе има силно обезбедување, што ќе го сочинуваат човечки тим и врвен безбедносен систем.
Во соседството има богати, но не и познати личности.