Трипуновски: Денеска сум во посета на Росоман по барање на земјоделците

Денеска сум во посета на општина Росоман по барање на земјоделците се со цел да направам увид на оној проблем кој што ги мачи во моментов, а тоа е испораката водата по земјоделските површини во ова општина. Од она што можам да го видам е дека цевководот на системот Макарија кој што го покрива на делот на општина Росоман речиси до Велес е нефункционален и дека практично каналот е празен. Ова е повеќе од алармантна ситуација затоа што ако знаеме дека сезоната за наводнување треба да почне на 15 април, денеска сме веќе 8 мај и тоа е речиси 30тина дена задоцнување со снабдување на земјоделците со вода за наводнување.

 

Ова моја посета и ова моја изјава ја користам како апел до директорот на АД „Водостопанство“ да даде приоритет на овој систем и на сите системи во Република Македонија затоа што ако ни се случи минатата 2019 година каде што со сигурност можам да кажам дека е една од најлошите години во водостопанството Република Македонија и ќе значи тотален колапс на земјоделците и во овој регион и во цела Република Македонија.

 

Овде сум затоа што во овој момент овошките кои што се наоѓаат на територија во општина Росоман се во фаза на формирање на својот плод и каде што водата за наводнување им е повеќе од потребна. Мислам дека приоритетите на АД „Водостопанство“ во делот на црпење на песокот, речните корита и правење профит на терет на природата треба да биде минато и треба да се фокусираат на работата за која што е формирано акционерското друштво. Исто така и министерот кој што изминативе денови гледам дека повеќе време сака да поминува време на својот фејсбук профил  и да шерува лажни вести отколку да се фати за сериозна работа, меѓутоа доброто е што пред на нас се престојните парламентарни избори каде што СДСМ и нивната гарнитура ќе  бидат минато и ќе дојде правата гарнитура која што ќе се грижи во вистинска смисла за земјоделството во Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави