Министерот за здравство, Венко Филипче потсети на денешната прес конференција дека мерката за забрана за групирање е се уште активна, алудирајќи на одлуката на ИВЗ за отворање на џамиите од 12 мај, како и на вчерашната литија во Струга.
-.Сцените кои ги видовме вчера од Струга се крајно разочарувачки за мене. Ги толкувам единствено како целосно непочитување на здравствените работници и сите кои деноноќно работат за да ја надминеме кризата. Барам да се спроведе истрага како се дозволило да се случи ваков вид на собир кој е строго забранет. Утрово разговарав и со реисот на ИВЗ и со поглаварот на МПЦ и на двајцта и посочив и побарав апсолутно да се придржуваат до мерките во интерес на здравјето на граѓааните и да не се организираат собири на верниците. По информацијата на ИВЗ за оворање на џамиите сакам да потсетм дека се уште се на сила меките за забрана на групирање на повеќе од две лица. Аппелирам до верските заедници да спречат масовни собира оти секое непочитувње на , рече Филипче.