Шпанската Примера продолжува на 20 јуни

Тренерот на шпанскиот фудбалски лигаш Леганес, Хавиер Агире откри кога Примера ќе продолжи и ќе има завршница на теренот.

– Веќе имаме датум за продолжување на првенството. Примера ќе започне повторно на 20 јуни, а првенството ќе заврши за пет недели – на 26 јули. Натпреварите ќе се одржат во сабота и недела, како и во среда и четврток. Штотуку официјално ме извести раководството на Примера. Јас сум многу среќен затоа што веќе планиравме тренинзи. Сите играчи веќе ги поминаа тестовите, изјави Агире за „Марка”.

Напаѓачот на Реал, Лукас Васкез, исто така, изрази задоволство од претстојното продолжување на првенството.

– Ќе биде добро за луѓето и целото општество. Нема да мислиме за вирусот два часа. Фудбалот носи среќа, рече Васкез.

Треба да знаете
Последни објави